Полноќ е…се прашувам кога поминаа денот.Но ако,нека те течат како мирна река.Никогаш не ни помислував колку еден ден ќе сакам тие да прелетаат…

Да имав некоја моќ ќе побарав да се забрза времето…да прелетаат сите денови и месеци затоа што се бесцелни кога ти не си до мене…немам на што да се радувам во оние досадни часови.

Се прашувам дали да жалам за деновите што заедно ги поминувавме или да се радувам на оние што допрва ќе дојдат…

Смислата на тоа како да го поминам денот избледува,се трудам да се сведам на максимум и се да направам за да бидам среќна и исполнета…Но неможам,ти си тој што ме правиш исполнета и среќна.

Животот без тебе ставен ми е на Пауза,а кога сме заедно повторно стискам Плеј.Посакувам да ви вратам сеќавањата што будат љубов и среќа,и да ги премотам моментите што допрва ќе дојдат.

Живеам за среќата и рајот што допрва доаѓа,ги истрпувам сите работи што ми се случиваат само за да уживам потоа со тебе. Кога сум со тебе,ништо не е важно.Тогаш ниту птиците ги слушам како пеат,ниту ветрот како дува…ниту реката како жубори.Душата ми е исполнета и полна со среќа и радост. Важни ми се само твоите зборови и твојте слатки бакнежи и сите твои допири.

Кога сум со тебе…нема сум за сите што нешто ќе ме прашаат,глува за сите што нешто ќе ми кажат,слепа сум за сите работи што ме опкружуваат.

За тебе вреди да се живее и да се труди.За тебе вреди и во оган да се фрли,за тебе вреди и живот да се даде.За тебе би направила се,за тебе би оставила се.За твоите бакнежи полни со страст,сите невозможни работи ќе направам да станат реални.За твојата прегратка би отишла и на другиот крај на светот.За твоите слатки зборови би живеала и на друга планета.

Едно писмо и пет-шест вредни збора,другото е рима или нешто слично.Но не барај во пишаното…тоа ќе избелди. Барај во срцето мое…тоа е извор на сите овие чувства и емоции… Барај во разумот…тој е извор на сите овие зборови и мисли.

Не барај го сјајот во ѕвездите те молам,тие не ја опишуваат мојата радост…Барај ја во моите очи кои ја опишуваат и мојата тага кога не си покрај мене.

Не барај ја мојата топлина во сонцето,тоа нема да те стопли како што ќе те стоплам јас….Барај ја во мојата прегратка.

Не ја барај љубовта во другите…безнадежно е !Никој не те сака од мене повеќе.Те сакам на безброј начини,Те посакувам на уште толку повеќе…

Нашата љубов е посилна од се,нашата љубов е толку искрена и чиста.Во нашите зборови нема ниту лага,ниту срам.Колку ме сакаш,јас добро знам.Непобедливи сме во секоја смисла на зборот,нераздвојливи и непоколебливи.

Ова е се што можам да ти подарам,не е ништо по вредност.Не ме чинеше ништо споредено со пари.Но дали некогаш парите се важни?Можеби се…но за нас не се.Тоа што јас и ти го чувствуваме е бесценото.

Те сакам и ќе те сакам ЗАСЕКОГАШ !

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *