Погледни ме…

Каде и да одам, и кога било да се вратам погледниме ме за последен пат. Можеби и никогаш нема да те видам, но дозволи ми да ги понесам со себе миговите кога само еднинствено ти ми преостана на ОВОЈ суров свет…
Така ни било судено, љубовта е вечна и колку илјади километри да не делат сеуште ќе го чувствувам истиот жар како и сега. Каде и да сум, знај со мене те носам во срцето…

Во воздухот ќе ги почувствуваш бакнежите кои ќе ти ги праќам деноноќно за да знаеш колку мислам на тебе…

Во воздухот ќе Ја почувствуваш топлината КОЈа ке биде знак дека не сум те заборавил иако тоа ќе биде уште еден зрак на сончевиот блесок…

Во воздухот ќе го почувствуваш МОЈОТ мирис иако тоа е мирисот на цвеќето…

Во воздухот ќе ги почувствуваш сите оние спомени кои заедно ги доживеавме знаејќи дека можеби еден ден повторно ќе се сретнеме иако тоа можеби нема да се случи никогаш

ЈАС ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *