Ова е ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА за човечката добрина и треба да служи како пример и инспирација…

Ова е ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА за човечката добрина и треба да служи како пример и инспирација…

Ова е прикана која можеби малку луѓе ја слушнале, приказната е за двајцата од „трите тенори“ – Лучијано Павароти, Пласидо Доминго и Хозе Карерас. Дури и оние кои никогаш не ја посетиле Шпанија, знаат за ривалството помеѓу Каталонците и Мадриѓаните, бидејќи Каталонците се борат за нивна автономија. Пласидо Доминго е од Мадрид, а Хозе Карерас е Каталонец.

Од политички причини, во 1984 година, Карерас и Доминго станаа непријатели. Познатите тенори имаа „договор“ дека ќе да присуствуваат на настани само ако другиот не е поканет. Во 1987 година, Карерас се сретна со непријател многу поопасен од Доминго. Тоа беше болеста леукемија!!! Неговата борба против болеста беше тешка. Тој беше подложен на бројни третмани, и покрај трансплантација на коскената срж и трансфузија на крв која го принуди да патува во САД еднаш месечно. Неможејќи да работи под овие услови, бројните третмани и патувања ги намалуваа неговите финансии. При крај на финансиската моќ, тој откри една фондација во Мадрид, чија единствена цел беше помош за болните од леукемија. Благодарение на подршката од фондацијата „Hermosa“, Карерас ја победил болеста и се вратил на пеењето.

Карерас многу се заинтересирал за фондацијата, па така дознал дека водечки автор на фондацијата е Пласидо Доминго. А подоцна дознава дека фондацијата е основана од Доминго со една цел – да му помогне на својот непријател, останувајќи анонимен.

Изненадувајќи го Пласидо Доминго, на еден од настапите Карерас го прекина настапот, клекна на колена и побара прошка и јавно му се заблагодари. Пласидо му помогна и со голема прегратка го започнаа големото пријателство. Во едно интервју со Пласидо Доминго, еден новинар го праша зошто ја создал фондацијата Hermosa, помагајќи на пејач кој е негова конкуренција. Неговиот одговор бил краток и јасен:

„Не смееме да си дозволиме да изгубиме глас како неговиот…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *