” ДОКТОРОТ СО РОЗАТА ” бил прекарот што го носел еден млад лекар. Секојдневно изнудувал насмевки во болницата во која работел со розата што постојано ја носел на реверот на лекарскиот мантил.
” ДОКТОРОТ СО РОЗАТА ” бил прекарот што го носел еден млад лекар. Секојдневно изнудувал насмевки во болницата во која работел со розата што постојано ја носел на реверот на лекарскиот мантил.
Еден ден амбулантното возило донела млада девојка со скршена нога во сообраќајна несреќа. Кога ја внеле во амбулантата за итна помош лекарот со розата направил нешто невообичаено. Го соблекол лекарскиот мантил со свежата роза и го наметнал на уплашената девојка. Подоцна, кога била однесена во операционата сала и од неа бил симнат лекарскиот мантил, девојката побарала да ја зачува розата. Кога се разбудила по операцијата розата сè уште била во нејзината рака. Додека закрепнувала, лекарот со розата секојдневно ја посетувал и ѝ подарувал по една роза, сè додека не ја напуштила болницата.
Младата девојка не го заборавила лекарот. Уште следниот ден му испратила роза на лекарот. За неговиот мантил. И така секој ден. Почнале да се среќаваат, да излегуваат а розите не престанале. Таа не прекинала да подарува рози и кога се ожениле. Го средила местото пред куќата и го засадила со рози. Повеќе од четириесет години, секојдневно, жената му давала роза на мажот која го красела лекарскиот мантил.
МАНТИЛОТ на ЉУБОВТА кој еднаш стоплил едно уплашено срце.
А што е со вашиот мантил на ЉУБОВТА??? Познавате ли некоја душа што има потреба да биде наметната со него???? Познавате ли некоја повредена душа, што поминала низ животна несреќа,
растреперена и уплашена???
Облечете ја во ЉУБОВ!!! Украсете и го скршеното СРЦЕ со роза на ЉУБОВТА.
А ТАА ќе ВИ биде БЛАГОДАРНА ЗАСЕКОГАШ!!!