Зошто ја криеше својата љубов? Зошто замина без збор? Не ме сакаше? Не, не, тоа не е вистина, знам дека ме сакаше, но не сакаше тоа да ми го кажеш, ја криеше својата љубов.
Ти замина, а јас плачев по тебе, те гледав…
Зошто ја криеше својата љубов? Зошто замина без збор? Не ме сакаше? Не, не, тоа не е вистина, знам дека ме сакаше, но не сакаше тоа да ми го кажеш, ја криеше својата љубов.
Ти замина, а јас плачев по тебе, те гледав во мислите како насмеан, со твоите разиграни плави очи кои имаа иста боја ко небото, пееше некоја песна, можеби тоа е песна за невозвратената љубов. Сега си некаде далеку во некој далечен свет за кој што мечтаеше уште кога беше мој. Дали ти си уште мој? Да ти си мој и вечно ќе бидеш мој. Изгасна пламенот во моите очи, пресушија солзите, а остана само болот во моето младо срце кое ќе умре за тебе. Кога ќе се вратиш еден ден во мојот крај јас ќе бидам таму каде што црната земја ќе ми ја прекрие снагата, над мојот гроб ќе пее славеј исто онака како што ми пееше ти. Кога ќе прашаш за мене каде сум и кога нема да добиеш одговор на тоа прашање да знаеш дека сум мртва и ти тогаш дојди на мојот гроб, но те молам немој да плачеш затоа што сега е веќе касно, ме нема, не постојам. Седни на клупата до мојот гроб и запеј ја онаа песна што често пати ми ја пееше додека седевме во паркот на старите клупи се љубевме страсно и ветерот ми ги мрсеше косите и гласот твој го слушав само јас ги гледав твоите плави очи кои беа толку светли и имаа топлина во нив.
Сега мене ме нема и ти можеби седиш со друга во паркот на нашата клупа и и ја пееш најсаканата моја песна.
Вети ми те молам дека ќе доагаш често на мојот гроб ќе ми донесеш цвеќе, знаеш, од она што ми го ставаше во косата која беше измрсена од твоите топли и нежни раце. Земи едно парче креда и на мермерната плоча напиши за да читаат сите „УМРЕ ПОРАДИ ЉУБОВ“ и јас ќе ти простам затоа што сеуште ТЕ САКАМ и немој да те чуди ова зашто и мртвите можат да ЉУБАТ!