Животот сакаше да се сретниме јас и ти. За тебе тоа беше обична случајност, ете можеби и за мене. А во почетокот бевме „двајца странци“ кои не знаеа каква ќе биде иднината. Со првите погледи и зборови во мене се роди чудно, но убаво чувство.

 

Животот сакаше да се сретниме јас и ти. За тебе тоа беше обична случајност, ете можеби и за мене. А во почетокот бевме „двајца странци“ кои не знаеа каква ќе биде иднината. Со првите погледи и зборови во мене се роди чудно, но убаво чувство.Сè уште не можам да си го објаснам, зошто ме вознемири, пријатно ме растрепери. Но набрзо ти се одалечи од мене. И дури тогаш твоето заминување како да ги откри моите чувства. Сватив дека те сакам, но се плашев и сè уште се плашам дека сето тоа нема да го забележиш. Кога и да те видам – се растрепувам, кога и да ти се доближам – се вознемирувам. Не само затоа што бескрајно те сакам, туку не знам поради што, не можам тоа да си го објаснам.

Ако некогаш самиот се вљубиш и ако таа љубов не ти е возвратена, ќе сфатиш каква е мојата болка. Можеби не знаеш да сакаш? Сепак не верувам дека е така. Секој ден за тебе е нов. Секоја љубов за тебе е игра, секоја солза за тебе е безвредна. И ако сега си ми недостижен, верувам дека ќе дојде денот кога ќе ме сакаш. Барем толку колку што те сакам јас, силно и бескрајно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *