Капките дожд упорно паѓаат и се тркалаат, се натпреваруваат во неизвесна борба, незнаејќи дека тоа не е засекогаш. Ќе доjде сонцето од таму некаде и ќе им зададе пораз. И се така
Капките дожд упорно паѓаат и се тркалаат, се натпреваруваат во неизвесна борба, незнаејќи дека тоа не е засекогаш. Ќе доjде сонцето од таму некаде и ќе им зададе пораз. И се така без никаква постојаност. Тоа се случува и некаде длабоко во мојата срцевина, во мојата душа, во мене.
Меѓутоа знам или не знам. Верувам или се надевам дека таму некаде, некогаш ќе дојдеш ТИ и ќе Ја стопиш зимата во моето срце. Ако не ти, тогаш сосема некој друг што ќе ги запре капките дожд во мојата душа…