Правила и услови за користење на SMS Пораки

Веб сајтот www.smsporaki.mk и услугите приложени во него функционираат согласно со условите и правилата, спомнати подолу. Според тоа, ако корисникот не се согласува со едно или повеќе од правилата за користењето на веб сајтот, тој има право да се воздржи од неговото користење ( без разлика дали станува збор за целосно или делумно користење), во спротивно се смета дека корисникот автоматски се согласува со користењето на сите информации и услуги кои се понудени на овој веб сајт.

Содржина

smsporaki.mk е портал каде најзастапени се смс пораките поделени во различни категори, интересни роденденски смс пораки, љубовни смс пораки, пријателски смс пораки како и различна забавна содржина.

Содржината на веб порталот е креирана од страна на уредниците на smsporaki.mk со што истите ги задржуваат сите права.

Доколку сакате да искористите некоја од содржините на порталот, потребно е да ги запазите следните услови:

– Дозволено е користење на слика, текст или цела статија единствено со согласнот од smsporaki.mk. Исто така, на добро забележливо место треба биде наведен изворот на материјалот кој е искористен од сајтот. Доколку медиумот е дигитален, изворот треба биде поставен со линк или слика од логото на smsporaki.mk.

– Не е дозволено објавување на целосен текст или делови од содржините во медиум или сајт кој служи за комерцијални цели, без претходно одобрување од тимот на smsporaki.mk.

Заштита на приватноста и личните податоци

СМС Пораки се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. СМС Пораки може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на СМС Пораки, како и развивање на што поквалитетни услуги. СМС Пораки под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.

При вашата посета на сајтот smsporaki.mk серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

smsporaki.mk се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но smsporaki.mk не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Промена на содржините

СМС Пораки го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на сајтот и услугите без обврска за претходна најава. СМС Пораки не е одговорен за било каква штета настаната од овие промени. 

Промена на условите

smsporaki.com го задржува правото на промена на правилата и условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *