Вечерва овде без тебе замислена во темнината, и сокриена во бескрајот на тишината и осаменоста, удавена во разбрануваното море од тага и солзи, чекам да мине уште една ноќ… ноќ во која…

Вечерва овде без тебе замислена во темнината, и сокриена во бескрајот на тишината и осаменоста, удавена во разбрануваното море од тага и солзи, чекам да мине уште една ноќ… ноќ во која ќе можам повторно да ја почуствувам топлата прегратка на сонот.

И оваа ноќ по којзнае кој пат се навраќам на минатото, бидејќи тоа е единственото нешто кое ни остана, само тоа не поврзува. Ги чувствувам твоите нежни милувања и им се предавам на страсните бакнежи. Ах, тоа е само сон. Сон сонет со отворени очи. Каде си? Каде ли замина?

И оваа ноќ којзнае која по ред мислам на тебе, пишувам за тебе, но зборовите се најмоќни да го опишат ова силно чувство што ја исполнува мојата ранета душа, оваа љубов што го прободе моето срце кое уште долго време ќе се надева и ќе чека да се вратиш. Ноќва пеам за тебе, но знам не постои песна што ќе може да ја опише болката што ми ја нанесе твојата суровост, ниту има стихови кои би можеле да ти кажат колку те сакам и покрај се тоа што ми го направи.
И ноќва повторно плачам за тебе, не ги запирам солзите иако болката станува се поголема…очајот се потежок…Цела моли и страда душава моја за љубовта твоја која некогаш целосно ме исполнуваше, за љубовта што исчезна заедно со тебе.

Засекогаш…


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *