Koнечно научив дека постои само еден парадокс во животот.
Зависи,но за мене е така. Сепак повторно застанав на истото место и ништо не научив од минатите грешки, и по не знам кој пат морав да се откажам од саканиот со надеж и едно големо верување дека Господ ќе го направи среќен.


Koнечно научив дека постои само еден парадокс во животот.
Зависи,но за мене е така. Сепак повторно застанав на истото место и ништо не научив од минатите грешки, и по не знам кој пат морав да се откажам од саканиот со надеж и едно големо верување дека Господ ќе го направи среќен.

И цел ден во умот ми е истото. Зошто??? Можеби животот е суров, или јас голем сонувач? 
Знам, јас можам да се откажам од се, можам да станам наутро и да знам дека веќе нема да те видам, да слушнам нешто за тебе, да те почувствувам, да те гледам како успеваш ако цената за тоа е повторно кај тебе да го има истиот сјај како порано, руменилото на твоето лице, твојата долга коса-разбушавена од ветерот, искинатите фармерки, очите црни како маслина. На почетокот е тешко, но знаеш како е, луѓето велат: „По дождот доаѓа сонце“.

Минатото е минато, останува таму некаде далеку, заробено. Без разлика мене постојано ме следи и ме повредува. Константно со голем трепет го молам Бог да те одведе на вистинското место, да ти го покаже вистинскиот пат и да се погрижи за тебе онака како што не можев јас, за повторно да блеснеш, да бидеш она што беше кога јас те засакав.
Не знам чија е вината, Моја? На судбината?

Никогаш не верував во неа така да многу често се чувствувам лошо, многу доцна разбирам дека можеби целата вина припаѓа на мене. Изгледа дека се што ќе допрам венее, го губи претходниот постоечки сјај. Твоето место е онаму од кај што дојде-разбирам, но исто така знам дека и поради гордост нема да се вратиш се додека не докажеш дека се уште можеш повеќе од она што се очекува од тебе. Минатата година овие денови бев најсреќна на светот, бидејки мислев дека те имам поблиску, но полека разбирам дека многу често најдобро е да се откажеме од оние кои ги сакаме, ако навистина ги сакаме. Не сум плашливец што избега без поздрав кога забележа дека се што прави е погрешно. Се надевам нема да ме разбереш погрешно. Само сакам да бидеш среќен и еден ден повторно да бидеше истиот ТИ.

Едноставно не можев да се справам со сето тоа што доаѓаше. Се надевам другите ќе успеаат да го направат она што јас не можев, а имав се за да успеам. Те молам, прости ми. Знам, така е најдобро. Научив да верувам дека постои, верувам дека ме слуша Господ.

Мојата молитва е само една. Не мора веќе да имам нешто. Доволно ќе ми биде еден ден повторно да го видам со полниот негов сјај, со неговата харизма, со дадениот талент. Те молам Господе, само направи го среќен. Можеш да ме заборавиш мене и моите желби, но него не. Јас не сум веќе дел од него. Тој засекогаш ќе има место во моето срце. Како Сонцето што наутро прво изгрева и ѕвездата Деница која најдоцна го напушта небото.

Научи го дека не е важно колку пати ќе паднеш, важно е колку пати ќе станеш.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *