25-годишна девојка, која тврди дека е интелигентна, барана и исклучително убава … на елитен сајт за запознавање, го поставила следново прашање:

Каде грешам? Барам да се омажам за човек што заработува најмалку половина милион годишно. Знам како звучи тоа, но имајте предвид дека…


25-годишна девојка, која тврди дека е интелигентна, барана и исклучително убава … на елитен сајт за запознавање, го поставила следново прашање:

Каде грешам? Барам да се омажам за човек што заработува најмалку половина милион годишно. Знам како звучи тоа, но имајте предвид дека, ако добиваш милион годишно значи да си средна класа во Њујорк. Значи воопшто не мислам дека се ценам премногу високо.

Познавам една жена од групата по јога која е омажена за банкар во инвестициска банка и живее во Трибека / друг скап кварт /, а таа дури и не е толку убава, колку мене, не е ни особено паметна. Што прави таа и што да направам јас за да стигнам до нејзиното ниво? Ќе ми дадете ли совети? Ве молам држете си ги навредите – јас искрено и чесно прашувам.

Повеќето жени мислат на ист начин, но го кријат тоа, а јас барем си кажувам што е и како е. Немаше да барам таков тип на мажи, ако не сметав дека сум повеќе од достојна за нив – како изглед, култура, љубов и вештини во домаќинството.

Добива одговор од еден брокер од Њујорк, кој одговарал на условите:

Го прочитав огласот со голем интерес и сериозно се двоумев над твојата дилема. Не ти го губам времето, бидејќи се класирам според твоите критериуми: заработувам над 500 илјади годишно. Но како што ги гледам работите, ти ми нудиш, чисто и едноставно, многу лоша зделка.

Еве зошто: ако ги тргнам на страна сите глупости, што си ги навела, она што нудиш е едноставна размена – ти ја нудиш твојата убавина за размена за моите пари. Просто и јасно. Меѓутоа има уште едно важна работа – твојата убавина ќе намалува со текот на времето, додека моите пари – не. Всушност дури, многу е веројатно јас да добивам се повеќе во следните години, но е апсолутно сигурно дека ти поубава нема да си.

Значи, економски гледано, ти си амортизиран актив, додека јас сум актив со зголемена вредност. И не само што ќе се амортизираш, туку амортизацијата ќе се зголемува секоја година. Ти си на 25 години и веројатно ќе бидеш доста секси во следните 5 години, но се помалку секси секоја наредна година. Потоа твојата убавина ќе почне да ја снемува и на 35 најверојатно нема да те биде за ништо.
Значи, ако зборуваме на брокерски јазик, не е профитабилно да те купам за долго /што ти всушност нудиш /, туку да те користам за кратко и да те продадам побрзо.

Ако сметаш дека зборувам грубо, ќе ти го кажам следново:
Ако моите пари исчезнат, истото ќе го направиш и ти, така што и јас треба да имам некоја варијанта, кога твојата убавина ќе испари. Едноставно е: според условите што си ги поставила -има смисла да си ми само љубовница, а не и жена.

Одделно од тоа, на почетокот на мојата кариера научив многу за ефикасноста на пазарот. Затоа се прашувам зошто девојка како тебе – интелигентна, со стил и исклучително убава – не успеала да најде чичко со пари до сега? Се надевам дека ти помогнав околу твоите дилеми. А, ако размислуваш да почнеш да даваш на лизинг – јави се.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *