Наспрема небесното синило морето ги движи
своите синила, а наспрема небото
неколку жолти цветови.
Доаѓа октомври.

Ода на неколкуте жолти цветови (Oda a unas flores amarillas)


Наспрема небесното синило морето ги движи
своите синила, а наспрема небото
неколку жолти цветови.
Доаѓа октомври.

Па макар што е толку важно дека морето го развива
својот мит, својата порака, своето надоаѓање,
се разгорува
на песокот златото
на една единствена жолта билка,
а твоите очи
се врзуваат за земјата,
бегаат од големото море и неговите грчеви.

Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода,
туку
земја,
само земја
ќе бидеме
и можеби
неколку жолти цветови.

{fcomment} 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *