Сe е чудно, сe е тешко. Солзите понекогаш сами доаѓаат и нe задушуваат без причина или можеби така ние си мислиме. Има денови кога и самите не се поднесуваме, а уште повеќе има денови кога и другите не можеме да ги поднесеме. Денови исполнети со болка и тага, денови исполнети со мрак и солзи. Денови кага ја…


Сe е чудно, сe е тешко. Солзите понекогаш сами доаѓаат и нe задушуваат без причина или можеби така ние си мислиме. Има денови кога и самите не се поднесуваме, а уште повеќе има денови кога и другите не можеме да ги поднесеме. Денови исполнети со болка и тага, денови исполнети со мрак и солзи. Денови кага ја откриваме мрачната вистина.

Зошто, најпосле кога си мислев дека те сакам тебе мораше срцево да се противи на тоа. Се прашувам зошто мораше да сватам дека само еднаш во мојот живот сум сакала и тоа баш него. Тој кој не заслужува да биде сакан баш од никого. Но, зошто срцево мое се противи на тоа и како да сака да ми каже дека засекогаш ќе биде врежан во него. Мислев дека времето лечи се и дека со тебе ќе успеам да заборавам сe. Мислев дека со тоа што нема да го видам многу долго време ќе успеам да го заборавам. Но, се излажав и себе но и тебе, ти кој не заслужи ниту една лага, ти кој ме сакаш повеќе од сe, повеќе од себе.

Ти кој ја заслужува цела среќа на овој свет и ти кој не треба да сакаш да бидеш со ваква како мене.

{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *