Најмила Моја, со секој нов ден те посакувам се повеќе и повеќе, со секој нов ден ме исполнуваш се повеќе и повеќе, со секој нов ден душава моја е и твоја, со секој нов ден и животов ми е живот со тебе. Твојата природност ме прави најсреќен бидејќи само на тој начин душата препознава искрена и чиста љубов како што е и нашава…

Најмила Моја, со секој нов ден те посакувам се повеќе и повеќе, со секој нов ден ме исполнуваш се повеќе и повеќе, со секој нов ден душава моја е и твоја, со секој нов ден и животов ми е живот со тебе. Твојата природност ме прави најсреќен бидејќи само на тој начин душата препознава искрена и чиста љубов како што е и нашава. Со она што си го даваме, со тоа и нашите души си се усреќуваат. Премногу чувства постојат во нас кои сакаат да живеат на свој начин, и ние тие чувства нескриено ги искажуваме за да допираат насекаде и да ја гледаат нашата безусловна љубов. Безусловноста е во нашиот начин на искажување,и е во тоа што ние ништо не бараме од нас,а се си даваме за нас.Ти ми си моја храна, храна без која не можам да издржам ни неколку саати, па камоли тоа да биде искажано во денови. Јас можеби ќе живеам без тебе, но никогаш нема да бидам сит од тебе!

Романтична прошетка

Секогаш кога ќе помислуваш на мене, секогаш и да знаеш дека мислам на тебе, бидејќи ти си ми постојано во мислите. Доволно ми е само да ти го слушнам гласот, за да се за мене биде совршено убаво тој ден. Твојот глас ми ја полни мојава душа, која откако постана твоја, не прашува повеќе ништо, а дава се. Твојата близина е она за што сонувам, твојата прегратка е она за што копнеам, а твојата среќа е она за што живеам. Мојот живот се претвори во Ти, ти, и само ти. Денес, вчера, утре, некни, се само обични денови кои поминале и кои ќе поминат, но кога тие денови ми се со тебе, тие остануваат вечно за нас и во нас. Ако еден ден не те слушнам, за мене тој ден не постои,и денови се само оние кога сме заедно на било кој начин. Ти направи да се околу мене биде претворено во чувства и љубов. Твојата душа откако ме одбра мене, ја направи и мојата душа да биде твоја!

Колку ми е само убав денот кога ми започнува со твоите чувства за мене, колку ми е само убав денот кога ја споделуваш и слободната секунда за да се слушнеме, колку ми е само убаво кога ми посакуваш Добра Ноќ и Слатки Сни, и колку ми е само убаво што го исчекуваме секој нареден ден, да повторно и повторно ни започне со нас, и ни заврши со нас ! Кога на двајцата ни е убаво како што и ни е, тогаш и двајцата ги живееме нашите посакувани денови, а воедно и нашиот посакуван живот. Живот е преубав ако го даваш она што го чувствуваш, а со самото давање ја препознаваш својата сродна душа која те чека некаде за да биде со тебе. Ние нашите души несебично ги даваме, и затоа тие несебично и се среќни што се сега заедно. Љубовта на душата е неспоредлива со ниедна друга љубов.Таа љубов трае се додека душата сака. Не постојат препреки, не постојат услови, не постои ништо,освен љубов, љубов и љубов. Кога постои љубов во нас, тогаш секогаш ќе има љубов пред нас!

И двајцата не веруваме дека сето ова ни се случува на ваков начин, начин кој заслепува од чувства, заслепува од тоа да што откако ќе се разбудиме па се додека заспиеме се обидуваме денот да ни помине во возвраќање на нашите потреби од самите нас. Секој ден се будиме со нас, и секој ден заспиваме со нас. Колку ни е се поневеројатно, толку и ние повеќе дознаваме колку е голема нашата љубов. Се додека не веруваме, се дотогаш нашите чувства сами ќе си го трасираат патот кој ги прави пресреќни. Среќата од чувства ја чувствуваме кога истите чувства ни се возвраќаат онака како што и ги даваме. Ние и премногу ги чувствуваме, бидејќи премногу и си ги даваме. Се додека не поставуваме ограничувања, се дотогаш ќе имаме потреба од нас. Ти си моето неограничување, бидејќи и ти се откажа од сите ограничувања за да ја споделиш твојата љубов кон мене!


Слободата на нашите чувства, ни ја даваат потребната сила да бидеме единствени во размислувањата, да бидеме единствени во посакувањата, да бидеме единствени за се што не спојува нас. Кога нашите чувства решија да бидеме заедно, тогаш и ние сами почувствувавме зошто тие така одлучиле. Откако почувствуваме, дознавме дека што тие ќе намислат, ние мораме тоа и да го направиме, за да бидеме среќни онака како што и сами посакуваме. Разумот е немоќен кога се чувствата обострани, и разумот тогаш исчезнува. Ако одиме против чувствата, тогаш одиме против себе, а штом одиме против себе, тогаш никогаш нема да ни биде убаво. За се постои начин, за се има време, и за се има решение. Мојот начин си Ти, моето време си Ти, а и моето решение се Ти. Се додека си мојот начин, време, решение, се дотогаш, Ти си ми Се!

Кога нешто би посакувал, би посакал ова што сега го чувствуваме да трае секогаш.Тоа го посакувам бидејќи нашата среќа е само наша, и само ние знаеме да ја споделуваме онака како што посакуваме. Оваа среќа не може да се спореди со ништо, бидејќи ја има секој миг. Понекогаш нема да биде секој миг, но секогаш ќе знаеме колку сме среќни кога тоа е секој миг, и пак ќе правиме да биде секој миг. Додека живееме за нашите мигови, се дотогаш и нашите мигови ќе бидат наши.

Ти си мојот миг, миг кој го живеам, и од кој миг не сакам никогаш да заминам, Најмила Моја! 

~ Zoki Ilev ~

{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *