Кога човек е добар, тогаш му е најдобро ! Тука започнува и завршува секоја филозофија.

Фактот дека и најблиската околина ќе се офајди од неговата добрина, никому не му пречи. Напротив. Ништо не е така добро како ДОБРИНАТА

НАПРАВЕТЕ ДОБРИНА



 

Кога човек е добар, тогаш му е најдобро ! Тука започнува и завршува секоја филозофија.

Фактот дека и најблиската околина ќе се офајди од неговата добрина, никому не му пречи. Напротив. Ништо не е така добро како ДОБРИНАТА ДОБРИНАТА е најголемиот успех и награда која на човек може да му се случи додека е жив, а според некои сведочења и многу подолго…

Но, како и да е, ДОБРИНАТА е најголемиот човечки пронајдок. Математиката е проста… Секогаш имало и ќе има побогати, поубави, посилни пославни и поинтересни луѓе од Вас, но ВИЕ можете да бидете подобри од сите нив заедно! Волуменот на својата ДОБРИНА го определувате само Вие и можете да го зголемувате неограничено многу. Едноставно, можете да станете најдобар човек на светот.

Иако не звучи претерано поетски, во ЖИВОТОТ се е вежба. Еден ден погледнете околу себе со широко отворени ” ДЕТСКИ ОЧИ ” и во истиот миг светот ќе ви изгледа како боенка од прво одделение.
Знам, ЖИВОТОТ ( и се што спаѓа тука ) често пати ве погодил гадно и болно, но тоа е само причина повеќе да бидете добри. ДОБРИНАТА е најдобриот мевлем за сите лути рани.

Сите ние како магистри и доктори по мизантропија негуваме крвожедни чуства. Во такви креативни моменти најмалку што ни паѓа на памет е некои луѓе да ги удавиме во капка вода. За среќа, во секој занает, па и во занаетот “ ДА СЕ БИДЕ ДОБАР ЧОВЕК ” , има трикови. Јас го користам трикот познат како ” СЕКОЈ БИЛ БЕБЕ ” , а тоа во пракса изгледа вака:

Гледам во конкретниот безмислен и идеално одвратен сурат и си велам:
– Па и оваа крнтија од човек, овој срам од човечкиот род, неуспешен абортус, исфрлен од поплава, паднат од бесна кобила во галоп, сурова грешка на природата и општеството, прв братучед на Франкенштајн и ова тука бедно суштество некогаш било бебе. Гукало ова бебе додека неговите најблиски собрани околу неговото креветче силно се воодушевувале од неговата убавина, интелигенција и светла иднина.

Кога ќе ја примените постапката наречена “ СЕКОЈ БИЛ БЕБЕ “, вашата лутина, агресија и нервоза ќе исчезнат или барем драстично ќе се намалат, а тоа воопшто не е лош старт за некој што планира еден ден да стане ДОБАР ЧОВЕК !!!

~ Дејан Б.Богески ~

{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *