Што е тоа толку силно и величествено што може да ги растресе ѕвездите, да ја исполни душата, да го исполни срцето? Што е тоа што многу луѓе пробале да го стават помеѓу две корици, но не успеале? Тоа е љубовта.

Што е тоа толку силно и величествено што може да ги растресе ѕвездите, да ја исполни душата, да го исполни срцето? Што е тоа што многу луѓе пробале да го стават помеѓу две корици, но не успеале? Тоа е љубовта.

Љубов, колку ли само тајни крие овој збор? Поетите често ја опишуваат љубовта како чувство кое не можеме да го контролираме, чувство кое ги надвладува здравиот разум и логиката. Многумина велат дека тоа се пеперутки во стомакот, но љубовта е копнеж… Некои мислат дека љубовта е искра надеж, но тоа е пламен на страста…
Би дале дале се за да го сретнат човекот на својот живот без да помислат дека тој е тука, крај нив. Сите велат дека љубовта е рај незнаејќи дека таа е најголемиот пекол. Збор полн со мечти и сеќавања, за време кое поминало и повторно доаѓа како драг спомен во животот. Љубовта е како вода од која многу луѓе ги измиле своите души и останале занемени. Занемени од блескавиот сјај на чистотата на љубовта. Некои велат, доколку љубениот го нема и тие ќе исчезнат со него. Но нема потреба да исчезнуваат, тие треба да останат, да го спречат љубениот да замине. Па затоа скоро никогаш не не интересирало како ќе умреме, но понекогаш да умреме за некој што го сакаме ни изгледа доста добро, но љубовта не е да згаснe еден живот, затоа што љубовта се случува кога ние живееме. Тоа е она чуство што не издига над небо,а потоа не остава да тонеме во проклето студенило…

ljubovta delce vo sekoj od nas

Иако понекогаш е полесно да ги кажеме работите на странец, отколку на луѓето кои ги познаваме, затоа што непознатиот не гледа онакви какви што сме, а не какви што сака да мисли дека сме, се е приказна, нарација, низа од настани и ликови што пренесуваат емоционална содржина. Се е приказна, тоа во што веруваме, познаваме, паметиме, тоа што го сонуваме па дури и љубовта.

Џовани Бокачо рекол: „Колку е надежта помала,толку е љубовта поголема”.

Тоа значи давање на безрезервна љубов, независно од добрите или од лошите особини на личноста. Старата поговорка „Љубовта е слепа” значи дека љубовта не суди за постапките на саканото лице. Љубовта е таа која вели „Јас те сакам поради тоа што си, а не поради твоето богатство”. Таа е лек за осаменост,исцрпеност и еден вид мост. Мост по кој луѓето патуваат за да стигнат до срцето на љубениот.

~ Антеска Андријана ~


{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *