Беше топол и убав сончев ден. Во паркот на една клупа седеше еден човек кој ја посматраше неговата ќеркичка додека го возеше велосипедот. На клупата до него седна една жена која покажувајќи му со прстот му рече:
– Она е мојот син, покажувајќи на малото момче во црвен џемпер, кое се лизгаше на лизгалката.
– Убаво момче, одговори човекот. Она онаму во белиот фустан е мојата ќерка.

5 МИНУТИ

По неколку минути погледна во својот часовник и повика кон девојчето:
– Ајде, што велиш да одиме?
Девојчето одговори:
– Уште 5 минути тато, те молам?
Таткото климна со главата и таа продолжи да го вози велосипедот на нејзино големо задоволство. Времето минуваше и таткото стана и повторно ја повика:
– Време е да одиме моја принцезо?
Девојчето повторно му одговори:
– Само уште 5 минути тато, само уште 5 минути.
Таткото се насмевна и рече:
– Во ред.
Жената погледнувајќи кон него му рече:
– Вие сте многу трпелив човек.
Човекот се насмевна со тага во очите и одговори:
– Нејзиниот постар брат загина во сообраќајка од пијан возач минатата година, возејќи се со велосипед недалеку од овде. Никогаш не поминував многу време со него и сега би дал се, за само 5 минути да можеме да бидеме заедно. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со неговата сестра. Таа мисли дека има уште 5 минути да го вози велосиедот, но всушност јас имам уште 5 минути за да ја гледам како си игра.

Затоа искористетеја секоја минута од вашиот живот. Кажете го она што сакате да го кажете, направете го тоа што мислите да го направите, не губете го времето чекајќи да се случат оние работи кои мислите дека ќе се случат самите од себе, туку почнете да ги реализирате тие работи, бидејќи еден е животот и жално е дел од вашиот живот да го поминете во чекање. 

{fcomment}

Leave a Reply