Премолчувајќи ги бедите на животот,
како каменот во реката 
застанувам и се прашувам…
Има ли ден, или час, 
има ли надеж за нас?
Дали има смрт без живот…

Последна песна


Премолчувајќи ги бедите на животот,
како каменот во реката
застанувам и се прашувам…
Има ли ден, или час,
има ли надеж за нас?
Дали има смрт без живот,
живот без смрт или срце без љубов?
Има ли сонце што не го огреало светов,
или срце што те сакало
повеќе од моево на веков?
Ако сеуште ме сакаш барај ме.
Барај ме во разговорот на вљубените,
и во бакнежот нивни.
Барај ме кога ќе нема никој крај тебе,
кога ќе се почуствуваш осамен…
Барај ме во сните и во студените ноќи
меѓу ѕвездите чекорите што ти ги бројат…
Кога ќе бидеш сосем сам и ќе немаш никој
тогаш барај ме…
Барај ме онаму
каде што ме остави,
и на местата
сведоци на љубовта наша.
Ти ја пишувам
мојата последна песна,
ти пишувам
за да ти кажам, дека
оваа љубов не е злостор и казна.

Не е ниту слика
нацртана со некаков мотив,
во некој стил на уметникот.
Го нема повеќе твојот одраз
во моето огледало.
Го нема, празно е и безначајно
како и овој стих.
Ја пишувам оваа песна,
мојата последна песна за тебе
без почеток и крај, здив и воздишки,
без ритам и рима.
Песнава не е лек за ничија душа
зошто ова сум јас, јас која
застанувам пред тебе
со душа чиста како солза.
Без маски и тајни
стојам пред тебе
и пред твоите очи
кои ме предадоа.

~ Андријана Антеска ~


{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *