Си живееле еднаш многу оддамна еден брачен пар кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат. Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат: – Видете го ова невоспитано момче. Тоа го јавнало магарето а

Што и да направиш секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе…


Си живееле еднаш многу оддамна еден брачен пар кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.

Еден ден мажот и жената решиле малку да патуваат, да работат и така да го запознаат светот па тргнале на пат. Кога дошле во првото село, селаните почнале да зборуваат:

– Видете го ова невоспитано момче. Тоа го јавнало магарето а неговите сироти родители одат пеш.

Жената кога слушна што зборуваат луѓето му рекла на мажот:

– Не смееме да дозволиме луѓето толку лошо да зборуваат за нашиот син.
Мажот ја послушал жена му го симнал детето и самиот го јавнал магарето. Кога стигнале во другото село луѓето мрмореле:

– Како не му е срам на овој човек кога дозволува жена му и детето да го водат магарето, а тој да седи качен на него.
Видел невидел човекот, одлучил жена му да го јава магарето, а тој и син му да го водат за оглав.Така и стигнале во третото село каде луѓето повторно почнале да коментираат:

– Сирот човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И сирото дете! Којзнае што го чека со таква мајка. Кога ги чуле коментарите на селаните, мажот и жената решиле сите тројца да се качат на магарето и така да го продолжат патот.

Кога стигнале во следното село ги чуле мештаните како коментираат дека на сиротото магаре ќе му пукне кичмата од преголема тежина. Засрамени од коментарите на мештаните, сите тројца се симанале од магарето и одлучиле да пешачат покрај него. Кога проаѓале низ следното село, не можеле да им поверуваат на коментарите на мештаните кои им се смееле:

– Погледнете ги само овие три будали… одат пешки, а имаат магаре кое би можело да ги носи.

… НИКОГАШ нема да можете да ги задоволите сите, ниту пак сите подеднакво ќе ве ОБВИНУВААТ… Секогаш ќе има ЗАДОВОЛНИ и НЕЗАДОВОЛНИ… ТАКА БИЛО, ТАКА Е и ТАКА ЌЕ БИДЕ… – ЗАТОА НЕ СЕ ГРИЖЕТЕ МНОГУ НА ЗБОРОВИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ СЕ ДОДЕКА СОВЕСТА ВИ Е ЧИСТА !!!

Дејан Богески


{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *