Се почна од едно здраво на нет, едно преголемо другарство што дојде до момент тоа другарство да неможе да го сруши ни најголемата сила на светот, ми влезе во срцето потајно, никогаш не ни помислив дека толку ќе ми станеш мила и драга и дека ќе те засакам до толку, но за жал не ми беше возвратено од твоја страна толку другарство и љубов колку од мене према тебе.

Живеев со надеж дека секој ден од некаде ќе се…


Се почна од едно здраво на нет, едно преголемо другарство што дојде до момент тоа другарство да неможе да го сруши ни најголемата сила на светот, ми влезе во срцето потајно, никогаш не ни помислив дека толку ќе ми станеш мила и драга и дека ќе те засакам до толку, но за жал не ми беше возвратено од твоја страна толку другарство и љубов колку од мене према тебе.

Живеев со надеж дека секој ден од некаде ќе се сретнеме, и дојде тој ден се видовме, со трчање ја дочекав твојата прегратка исто и ти мојата. Чуството беше прекрасно, се гушкавме, срцето ми се наполни со љубов, за миг си помислив дека ќе те имам и дека ве4но ќе бидеш моја, но таа прегратка и таа радост траеја многу кратко време. Ти се тргна од мене отиде со друг. Целото другарство, љубов и целата надеж ја остави во заборав и тоа само за 5 минути. Ме остави, ме повреди, ми го скрши срцето. Сета моја љубов дозволи туку така да потоне а знаеше многу добро дека си ми се, дека те сакав повеќе од себе.


Зар јас заслужив овакво нешто од тебе. Се колнам во двете очи што ги имам дека никој не те сакал како јас а нема ни да те сака толку. Ти докажав дека те сакам доволно и предоволно, зар тоа беше причината поради која ме напушташ и пополека те губам??? Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ, таа прегратка, таа насмевка и тој крај, но само едно знам дека никогаш нема да те заборавам, вечно ќе ми трепериш во моите зеници, ќе те чувам во ова срце засекогаш каде засекогаш ќе си моја, а јас бев само некогаш твој.

Сети се само колку убаво ни беше се додека од еден миг престана се истовремено и среќа и болка од која животот ти станува пекол, да сакаш а да не ти е возвратено. Може еден ден ќе сватиш колку боли тоа, но сепак не ти посакувам да си на мое место.

Биди среќна и остави ме мене, ти посакувам тебе целата среќа…моето се виде веќе…болка, тага и солзи по тебе што те изгубив без причина…

Засекогаш ќе бидеш во моето срце!

Од ДАНИЕЛ!

{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *