Еј, ти убава русокоса девојко!!! Никој не те Љубел повеќе од мене, никој не ти дал поголема моќ врз самата себе од мене, безусловна моќ…

Но, јас сум осуден на несреќа, такви сме ние скитачите… Скитачкиот поттик во нас во голема мера претставува ЉУБОВ, еротика… Романтиката на патувањето и скитањето ни претставува очекување на авантура… Ние во себе сме научиле да ги храниме токму оние…


Еј, ти убава русокоса девојко!!! Никој не те Љубел повеќе од мене, никој не ти дал поголема моќ врз самата себе од мене, безусловна моќ…

Но, јас сум осуден на несреќа, такви сме ние скитачите… Скитачкиот поттик во нас во голема мера претставува ЉУБОВ, еротика… Романтиката на патувањето и скитањето ни претставува очекување на авантура… Ние во себе сме научиле да ги храниме токму оние ЉУБОВНИ ЖЕЛБИ што не ни се реализирале, таа ЉУБОВ што би требало да и припадне на ЖЕНАТА, радосно ја пренесуваме насекаде, низ улиците, парковите и бездните, на децата што ги среќаваме по тротоарите, на питачите по мостовите, на птиците и пеперугите…

Ние ЉУБОВТА ја одделуваме од нејзиниот објект… За нас е доволна самата ЉУБОВ… Исто како што и нашето скитање нема цел, убавината е во самото скитање, во слободата и движењето…

Млада девојко со НАСМЕАНО лице, не сакам да го знам твоето име… Не сакам да ја негувам и чувам мојата ЉУБОВ кон тебе… Ти не си цел, ти си само импулс… Таа своја ЉУБОВ јас ја подарувам насекаде, на цвеќето покрај патот, на сончевиот зрак во чашата со вино…

Ти, ти ми овозможуваш да се ВЉУБАМ во сиот свет !!!

~ Дејан Богески ~


{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *