Излегов да се прошетам, бидејки времето беше убаво… Ретко имав прилика да бидам без обврски, и да си посветам барем неколку часа само на себе, макар тоа била и една обична прошетка по улиците на градот… Бев и повеќе од зафатен, додуша рака на срце немав на што да се жалам… Имам убава работа, a и убава живеачка… Одејќи така по улицата, одминувајќи една жена која беше застанала пред еден излог, ненамерно и ја закачив торбата, и таа падна… Во истиот момент таа се сврте, но, извинувањето ми застана на уста, не успеав да го изречам …


Излегов да се прошетам, бидејки времето беше убаво… Ретко имав прилика да бидам без обврски, и да си посветам барем неколку часа само на себе, макар тоа била и една обична прошетка по улиците на градот… Бев и повеќе од зафатен, додуша рака на срце немав на што да се жалам… Имам убава работа, a и убава живеачка… Одејќи така по улицата, одминувајќи една жена која беше застанала пред еден излог, ненамерно и ја закачив торбата, и таа падна… Во истиот момент таа се сврте, но, извинувањето ми застана на уста, не успеав да го изречам …

– Ти !? – успеав само да изустам… Таа беше мојата љубов од пред многу години, мојата можеби најголема љубов од младите денови, жената која ако не се обидуваше многу да експериментира со мене можеби денес ќе беше моја сопруга… Ја немав видено многу години… Но што и се случило! Па таа скоро и да е само сенка на мојата некогашна љубов… Додуша сеуште го имаше истиот поглед, кој знаеше да го стопли моето срце, ја имаше и витката става сеуште, но изгледаше некако уморно, немаше живост во нејзините очи… Но, кога ме виде, неможеше да ја скрие возбудата што се појави кај неа…

– Да, јас сум – ми рече со растреперен глас…

Усните и трепереа, погледот го криеше од мене, гледаше преку мене иако во тој момент како и многу пати пред тоа имала сфатено дека јас сум и единствениот човек кој и значеше многу, најмногу, но не успеа, ме испушти, поради својата себичност, поради глупата љубомора…

Бевме во врска многу одамна, убава врска која ветуваше многу, но во еден период на некоја и не така голема кавга на госпоѓицата и текна да ме прави љубоморен, фаќајќи си друг дечко… Тоа беше погубно за мене, бев многу вљубен во неа, но сум и таков човек кој се предава целосно и го барам истото за возврат, но тој нејзин чекор неможев никако да го сварам… Тоа беше дефинитивен крај… Подоцна таа се омажи… Пааа… еве денес и ја сретнав… Успеав некако да ја убедам да… седнеме на кафе, зошто беше глупаво да стоиме на улица, сакав многу да ја прашам како живее, дали е среќна со човекот со кој ме замени… Седнавме… Следуваше период на молчење, како да седнавме за да молчиме, а имавме толку многу што да се прашаме и што да си кажеме ..

– Несреќна сум, многу сум несреќна – почна таа директно – ми фалиш ти, ми фали нашето време, откога не сум со тебе, јас не сум таа, се уништив… гласот и трепереше страшно… Ги стави и наочарите зошто и се насолзија очите… Милион пати сакав да ти се јавам, да ти кажам многу работи, но едноставно немав храброст… Посакував само и гласот да ти го слушнам… не сватив колку ми значеше додека не те изгубив дефинитивно – ми рече… И така се нижеше нашиот разговор во недоглед, мина некое подолго време, а и двајцата не бевме свесни за тоа… Сфативме дека за љубовта која такаречено присилно ја прекинавме, требаше само искра за пак да се разгори… Кога и ја допрев раката во еден момент, погледите ни се сретнаа, се гледавме долго време кога и двајцата сфативме дека ни фали нешто повеќе од нежното држење на рацете …

– Појди по мене – само ми рече – јас не прашав ни каде, него станав и тргнав по неа, а таа ме поведе во станот во кој требаше да се всели таа со сопругот за неполн месец, а кој се наоѓаше тука близу…
Качувајќи се нагоре по скалите, ја држев за половината и ја бакнував по вратот… Возбудата се зголемуваше кај двајцата и се чинеше дека ова го чекавме со години… Вратата едвај ја погодивме, и само што влеговме внатре за секунд се ослободивме од парчињата алишта од себе… Одма ја качив на комодата што се наоѓаше позади вратата… Сукњата лесно и ја поткренав нагоре, и се најдов меѓу нејзините нозе, голи, врели, кои ги галев и стегав од долу нагоре, додека не дојдов до нејзите препони… Таа лудо ме бакнуваше, ми ја соблече маицата и ме привлекуваше накај себе, беше премногу возбудена од моите допири… Се спуштав од вратот до градите, се спуштав надолу ја бакнував нежно, и ја доведов до граници на лудило… Сите сетила беа усмерени на овој момент… Ја посакував и сам не бев свесен колку… Во мене се обнови сета страст која ја чувствував кон оваа жена… Ја гледав како ужива, што одма посакав да ја имам, што во тој момент, тоа и го сторив… Бев во неа, а нејзините воздишки ја оддаваа… Водевме љубов со уживање, со стариот жар поткрепен со нова страст…

” Колку само те посакувам, колку те поскаувам ” – ја слушав како повторуваше таа постојано, со што уште повеќе се разбуди дивјакот во мене па водењето љубов ни стана уште појако, полно со страст која не сме ја осетиле одамна… Тоа беше стимулот за нас кој не можевме да го издржиме… Возбудата ни беше преголема за да можеме да ја сопреме, па истрошени, дишејќи забрзано со чувство дека срцето ќе ни изрипа од градите, потонавме во бранот на задоволствата…

И нема потреба за да кажам дека тоа се случи пак… и пак… и пак …

~ Дејан Б.Богески ~


{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *