Ние можеме, и сакаме да се наметнеме еден на друг ,

да се посакаме , отфрлиме, и повторно да се зближиме,

да ги забрзаме зборовите иако нашите јазици се спори ,

ние знаеме дека нашето постоење е помеѓу буквите .

Имагинарен човек

Запечатени сме во нашите посакувања и потреба од љубов,
кинеме воздушни бариери и од нив правиме летачки балон,
посакуваните нешта ги делиме на малите екрани низ просторот ,
во мрежа од желби ги ловиме новите мигови со музика и вино.

Знам дека не поканета доаѓам облечена во магнетни полиња,
дозволи ми да останам во овие синџири имагинарен човеку,
така и ти ќе останеш заробеник на твојата имагинарна жена,
со нашиот необичен почеток ни започнува спиралната љубов.

Го гасиме светлото од театарот со измислени улоги и ликови,
ноќва ќе бидеме покрај нашиот неостварен сон да се љубиме,
сега молчиме оти утрото не потсетува дека треба да заспиеме,
да се одмориме од посакуваност со електронски бранувања.

Даница Петровска – 25.12.2012

{fcomment}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *