Божиќ доаѓа и ако сте во потрага за нешто различно и лесно да го украсите вашиот дом тука е она што ви е потребно: СНЕШКО ОД ПЛАСТИЧНИ ЧАШИ!

Освен тоа што е доста креативен и евтин начин за да се изработи овој снешко, навистина е лесно да се направи и во вашиот дом ќе ја донесе прекрасната атмосфера за Божиќните и новогодишните празници.


Божиќ доаѓа и ако сте во потрага за нешто различно и лесно да го украсите вашиот дом тука е она што ви е потребно: СНЕШКО ОД ПЛАСТИЧНИ ЧАШИ!

Освен тоа што е доста креативен и евтин начин за да се изработи овој Снешко, навистина е лесно да се направи и во вашиот дом ќе ја донесе прекрасната атмосфера за Божиќните и новогодишните празници.

Новогодишно декорирање

 

Материјали кои ќе ви требаат за изработката:

Снешко од пластични чаши

Започнете со прикачување на пластичните чаши едни со друга со помош на хефталица се додека не се добие полн круг. Чашите поставувајте ги на рамна површина, на пр. на подот или на маса, бидејќи вашиот Снешко на крајот нема да биди симетричен. По првиот круг, продолжете со поставување на нови чаши на врвот на претходните и секако зафатете ги и нив додека не добиете форма на сфера. Битен фактор при изработката и големината на вашиот снешко е начинот на хефтање на чашите и нивното растојание т.е големината на кругот кој ќе го направите. Ако сакате поголем тогаш и самиот круг ќе треба да го направите поголем а и обратно. 

Новогодишно украсување

Снешкото најчесто е направен од два тркалезни делови ( глава и тело ), така што треба да ги оформите и споите чаште во кругови, додека не добиете две сфери (една поголема друга помала). 

Истите чекори ќе ги направите и за главата на снешкото, но да не заборавите дека тој дел треба да е помал од телото! Од како ќе завршите поставете ја главата над телото и делот каде што се спојуваат двата дела можете да го украсите со шал. Вашиот Снешко од пластични чаши е подготвена за понатамошни декорација.

Пластични чаши снешко

За декорација на вашиот Снешко можете да го користите топчиња од хартија или волна за да ги направите очите и копчињата. За носот можете да користете портокал, хартија конус или вистински морков. Можете да го користите лепак или со хефтање да се прикачите декорациите кои сакате да ги поставите. Ако сакате да направите нешто повеќе со вашите Снешко, може да ставате светилка внатре во него.

Вашиот Снешко ќе биде повеќе истакнат во текот на ноќта.

Сшеко од пластични чаши за Нова Година

Учениците од приватното средно училиште САБА – Битола го направија овој Снешко

Први да го изработат, прилика имаа учениците од приватното средно училиште САБА од Битола. Тие заедно со нивната професорка го направиле овој Снешко. За таа цел, употребија 320 пластични чаши и црн хамер за капата, очите, петлиците и коланот на Снешкото. Како излгеда нивниот Снешко можете да погледнете од сликата во прилог.

САБА - Битола

За изработката на нивниот снешко употребиле 320 пластични чаши.



Доколку направите и вие ваш снешко од пластични чаши, фотографирајте го и постирајте ги вашите слики на нашата Facebook страна, најинтересните декорирани снешковци ќе бидат наградени!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *