Се што ти посакува…

Се што ти посакува умот, ти го посакувам јас. Се што и треба на твојата душа, нека и го даде небото. Се што ти посакува срцето, ти го дарувам јас! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

Да имаш…

Да го имаш здравјето на каменот, да ја дочекаш староста на орлите, да ја имаш љубовта од бајките и парите од банките. Доволно е??? 😛

На овој посебен ден…

На овој посебен ден, двајца ја крунисале својата љубов, донесоа на свет човек кој вреди да се познава и е вистинско богатство да биде твој пријател. Денес посакај го сето она што го немаш, а сакаш да го имаш, ништо помалку од здравје, љубов и успех. Личност како тебе не заслужува ништо помалку. Среќен роденден.