Злато не ме терај да плачам…

Злато не ме терај да плачам по тебе бидејќи јас плачам само кога некој умира, а ако заплачам за тебе тоа значи дека ти си мртов за мене.

Слушнав дека човек да те има…

Слушнав дека човек да те има крај себе е дар од Бога, не верував но ти ме убеди зошто од тебе научив дека животот е убав, а уште поубав оти си ти дел од него.

Кога ќе те изневерат сите…

Кога ќе те изневерат сите околу тебе и кога ќе се разочараш самиот од себе сети се дека на овој свет постои некој што мисли и те сака тебе.

Надевај се дека некогаш…

Те сакав, ме мразеше. Ме сакаш, не те приметувам. Осети ја таа болка што ме претвори во камен без чувства, осети ја болката во душата и надевај се дека некогаш ќе те погледнам пак…

Ако некогаш се сетиш…

Ако некогаш се сетиш и речеш ТАА ме сакаше, не заборавај да речеш ТАА требаше да биде сакана.