Колку и да те сакам…

Колку и да те сакам ќе морам без тебе. Колку и да молиш готово е. Зошто кога еден сака малку е. Како што јас те сакав тебе, но сега веќе не! Сега веќе не е важно дали те сакам или не затоа што вечерва ЗБОГУМ е одговор на се!

Најтажно е кога тебе те нема…

Тажно е сонцето кога го нема да грее, тажно е и срцето кога сакано не е. Тажни се облаците кога дожд се спрема, но најтажно е кога тебе те нема…

Зошто си со таа кога не ја сакаш…

Зошто си со таа кога не ја сакаш зар не знаеш дека има една мала која за љубов твоја се би дала, не одбивај ја љубовта моја сакај ме и ќе бидам само твоја!

Немој да страдаш солзи да лиеш…

Немој да страдаш солзи да лиеш, ако ме сакаш зошто да криеш? Не мачи го срцето не мачи се себе затоа што можеби и јас те сакам тебе.

Во животот треба едно да знаеш…

Во животот треба едно да знаеш, да простуваш и да траеш. Да надминеш тага, да надминеш бол и да не си го трошиш времето за еден вол.

Душата ми шепоти дека те сакам…

Душата ми шепоти дека те сакам и на твоето устенце бакнежи му праќам, срцево во гради немирно бие, го испраќам до твоето мирно да спие.

Никогаш не би помислила…

Никогаш не би помислила дека љубовта можеше да заврши вака, но еден од нас двајцата не знаеше да сака… не сум јас онаа што сака да има се, но не си ни ти фраер да имаш две.